Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако вчера официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција.
„Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и Македонија“, објави битолскиот клуб.
Според најавите, ЖФК Пелистер ќе работи на развој на фудбалерки во повеќе возрасни категории, создавајќи услови за правилен спортски развој, напредок и афирмација на младите таленти.
„Воедно, особено значајно е што клубот уште од своето формирање ќе има и сениорска екипа, која ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига на Македонија“, се наведува во клупското соопштение.
МИА
Ново на Сител
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
-

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството ја ставаат правдата во втор план
