Македонија
14. October 2017 - 16:36

Формиран прв меѓуграничен кластер за здравство помеѓу Македонија и Бугарија

Во Штип формиран првиот прекуграничен кластер за здравство во кој членуваат здравствени установи од Македонија и Бугарија. Ова е дел од проектот за прекугранична соработка, имплементиран од страна на Центарот за развој на источниот плански регион, чија основна цел е воспоставување на врска и меѓусебна соработка на лекарите од двете страни на границата.

- Во насока на подобрување на здравствените услуги кои се пружат на пациентите, како и преку воведување на одредени иновативни решенија во лекувањето-изјави Драгица Здравева, директор на ЦРИПР

Втората цел на проектот е привлекување на млади лекари специјалисти да ги надоградат своите знаења, преку разработка на нови и иновативни пристапи во лекувањето.

- Овој проект им овозможува на лекарите од Штип и Благоевград да се стекнат со добри пракси и искуства кои ќе им бидат од полза, како ним, така и на идните лекари, односно, сето тоа се прави во името и здравјето на пациентите-д-р Саби Хаџиев, претседател на Регионалниот лекарски колегиум во Благоевград, Р. Бугарија

Во рамки на „Отворените денови на здравството“, бугарските доктори посетија приватна и јавна здравствена установа, при која се запознаа со работата на своите македонски колеги. Преку проектот штипската клиничка болница доби донација во медицинска опрема за одделението за уво, нос и грло во вредност од 20 000 евра и која веќе е ставена во функција.