Бизнис
5. January 2018 - 20:50

Формиран Комитет за земјоделство и безбедност на храна кој ќе работи паралелно со Агенцијата за храната

Владата формира нов комитет за земјоделство и безбендост на храна.  Одлуката е доенсена на вчерашната седница, на предлог на кабинетот на Заев. Целта на комитетот ќе биде да ја следи реализацијата на мерките и прокетите од областа на земјоделството, безбедноста на храната и ветернираната заштита на животните. Ќе дава насоки и предлози за подобрување на состојбите од аграрот од кој живеат 200.000 семејства во земјава. Со комитетот ќе претседава премиерот, а во него ќе членуваат вицепремиерот Анѓушев,  министрите Николовски, тевдовски, Филипче и Дураку, како и посебната советничка на Заев за земјоделство, Ленче Николовска и директори на државни институции од земјоделскиот сектор.

Формирањето на Комитетот кој има слични надлежности со Агенцијата за храна и ветеринарство нема да значи нејнзо укинување, ниту пак ќе значи отворање нови работни места, уверува владиниот портпарол.

Претходно, Владата распиша оглас за распределба на близу 500.000 евра буџетски пари на невладини организации кои ќе вршат обуки на земјоделците. Оваа актинвност во моментов ја извршува Агенцијата за поттикнување на равзојот на земјодлествто која има исто така нема да биде укината туку ќе се работи на јакнење на нејзните капацитети.