Македонија
26. February 2016 - 13:06

Формиран Извиднички одред во Кочани

По иницијатива на професорите по географија од кочанските основни училишта, денеска во ОУ„Раде Кратовче“ беше формиран Извиднички одред на Кочани, во кој за почеток ќе членуваат ученици од основните училишта.

- Во нашата општина пред четириесетина години мошне успешно работел и опстојувал Извиднички одред кој постигнувал одредени резултати, а во себе ги опфаќал генерациите  кочанци од најмала па до назрела возраст. Носени од желбата да се возобнови ваквата активност и организирање, денеска го формиравме Извидниочкиот одред во нашиот град, истакна Сашко Стефановски професор по географија и иницијатор за возобновување на Извидничкиот одред.
 
Пред присустните ученици демонстрација на работењето на Извидничката организација на Македонија со сите потребни средства и реквизити  изврши Владимир Костовски, член на Сојузот на извидниците на Македонија.
 
Интересот за членување во Извидничкиот одред на Кочани за почеток е голем, а во него се очекува да се зачленат и средношколците од двете средни училишта во градот.