-->
-->
Формиран Извиднички одред во Кочани
-->
По иницијатива на професорите по географија од кочанските основни училишта, денеска во ОУ„Раде Кратовче“ беше формиран Извиднички одред на Кочани, во кој за почеток ќе членуваат ученици од основните училишта.
- Во нашата општина пред четириесетина години мошне успешно работел и опстојувал Извиднички одред кој постигнувал одредени резултати, а во себе ги опфаќал генерациите кочанци од најмала па до назрела возраст. Носени од желбата да се возобнови ваквата активност и организирање, денеска го формиравме Извидниочкиот одред во нашиот град, истакна Сашко Стефановски професор по географија и иницијатор за возобновување на Извидничкиот одред.
Пред присустните ученици демонстрација на работењето на Извидничката организација на Македонија со сите потребни средства и реквизити изврши Владимир Костовски, член на Сојузот на извидниците на Македонија.
Интересот за членување во Извидничкиот одред на Кочани за почеток е голем, а во него се очекува да се зачленат и средношколците од двете средни училишта во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата