Бизнис
12. April 2018 - 19:46

Формиран бизнис клуб за поголема соработка меѓу Македонија и Босна и Херцеговина

Македонија и Босна и Херцеговина ќе формираат бизнис клуб чија цел ќе биде зголемување на економската соработка на двете земји. Ова денеска беше соопштено на средбата на амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ, со претставнци на Регионалната стопанска комора во Прилеп.

„Многу ни е важно да го отвориме овој клуб кој ќе ни овозможи подиректна комуникација помеѓу стопанствениците. Не е важен само увозот и извозот туку и истражување на пазарот каде може да се зголеми соработката, како и изработка на проекти насочени кон ЕУ“, истака Лепа Бабиќ, амбасадор на БиХ во Македонија.

Трговскаат размена во овој момент со БиХ изнесувала 157 милиони евра на годишно ниво, од кои околу 50% биле извоз, а скоро ист бил и увозот.

„Значи тој бизнис клуб би бил формиран во насока на зголемување на таа соработка и некои олеснувања во таа трговска размена“, вели Горан Попоски, извршен директор на Регионална стопанска комора Прилеп.

Стопанствениците очекуваат во иднина зголемување на профитот.

„Не станува збор тука само за поволности туку блиските врски со компаниите од БиХ и брзината на воспоставување на контакти со нашите и нивните компаниии“, Благоја Конески, сопственик на текстилна компанија.

„Ќе ни овозможи да стапиме во директен контакт со повеќе бизнис компании од БиХ со кои што претходно се обидувавме да воспоставиме, но успеавме и сметам дека тој клуб ќе ни помогне како компанија да влеземе на босанскиот пазар“, рече Филип Велески, менаџер за продажба во текстилна компанија.

За брзо време помеѓу БиХ и Македонија ќе се потпишел и договор во областа на туризмот, кој веќе бил подготвен.