Бизнис
26. April 2018 - 14:22

Форд ќе престане да продава автомобили во Северна Америка

Американскиот автомобилски гигант Форд најави дека ќе престане да произведува автомобили и ќе се фокусира на СУВ, пик ап, комбе и крос-овер возилата.

Единствените класични автомобили кои ќе останат во понудата на Форд се легендарниот Мустанг и планираниот Форд Фокус Актив, кој и самиот треба да биде крос-овер автомобил. Форд ќе престане да ги продава возилата Фиеста, Таурус, Фјужн и постарите модели на Фокус во САД и во Канада.

Од друга страна, компанијата ќе инвестира агресивно во СУВ возилата, кои се исклучително популарни во САД. И другите големи американски автомобилски компании како Џенерал Моторс и Крајслер се движат во слична насока, фокусирајќи се на потешки и поголеми возила, а препуштајќи го автомобилскиот сектор на јапонските производители.