Македонија
17. April 2019 - 11:58

„Форд фокус“ се заби во мотоцикл - прилепчанец тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа на прилепските улици. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 18.55 часот на улица „Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(33) од Прилеп и мотоцикл „Херк“ со прилепски регистарски таблици, управуван од П.Б.(53) од Прилеп. Мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му била укажана помош. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Прилеп.