Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, информира дека податоците за исплата на пензиите за месец јуни до сите деловни банки ќе ги испрати најдоцна до утре и препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи.
Првата група, како што наведуваат, која опфаќа исплата на пензија во висина до 11.000 денари, ќе се врши в петок на 26 јуни 2020, втора група е исплата на пензија во висина од 11.001 денар до 14.000 денари и ќе се врши во понеделник, 29 јуни, трета група за исплата на пензија во висина од 14.001 денар до 18.000 денари, во вторник, на 30 јуни и четврта група-исплата на пензија во висина од над 18.001 денар, во среда, на 1 јули.
Ново на Сител
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани