Бизнис
23. January 2019 - 9:23

Фондот за иновации ќе ги презентира резултатите од повикот „О2 предизвик“

Фондот за иновации и технолошки развој денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе ги презентира резултатите од спроведените проекти избрани на јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загаденоста на воздухот „О2 ПРЕДИЗВИК“.

На настанот најавено е обраќање на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски,  градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и на претставници на петте избрани компании.