Македонија
22. November 2019 - 16:39

Фондот за иновации ги избра компаниите кои добија пари од државата за иновативност

Фондот за иновации одлучи  кои 60 компании од околу  500 тини  кои аплицирале за мерката комерцијализација на иновации ќе добијат пари.  Средствата се очекува  да им бидат исплатени до крајот на годината. Овој пат за мерката имало рекорден број апликации, два до три пати повеќе од лани.

Сепак  најголем  предизвик на фондот во следниот период ќе биде да ги натера другите градови повеќе да аплицираат,  затоа што Скопје постојано е  на врвот на листата – град со најмногу апликации.

Од фондот уверуваат дека изборот на компании кои треба да ги добијат пари  е транспарентен.

И натаму најголем број од фирмите кои се избрани се од ИТ секторот, но од фондот велат дека е добро што  почнува да расте бројот на апликации од фирми од други области.

Поради големиот интерес за оваа мерка мерката, фондот во септември достави предлог до Владата за проширување на буџетот  по што со ребалансот средствата за оваа намена од 5 се зголемија на 12, 5 милиони евра.