Македонија
28. April 2016 - 8:40

Фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински“ ќе ги додели годишните награди

Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ денеска ќе ги додели годишните награди и ќе ја отвори Спомен собата во која ќе бидат изложени авторските дела на проф. д-р Ајдински, неговата лична и општа документација, дипломите од образованието, како и подароците кои ги добивал.

Доделени ќе бидат наградите: Ученик од средно образование со најдобар успех за упис на Институтот за дефектологија, Студент на генерација - првенец, Здружение на лица со посебни потреби кое постигнало најдобри резултати во заштитата, образованието, рехабилитацијата, социјализацијата и општественото информирање на лица со попреченост, како и наградата за постигнати врвни научно-истражувачки резултати во областа на дефектологијата и социјалната заштита, а ќе ги врачи директорот на Фондацијата проф. д-р Љупчо Ајдински.