Македонија
21. December 2017 - 9:17

Фондацијата „Никола Кљусев“ ќе додели награди за ученички литературни творби

Фондацијата „Никола Кљусев“ денеска ќе ги додели наградите од проектот Творам за Македонија, за литературни творби на ученици од основните и средните училишта на темата „Домот во срцето мое“.

Проектот се одржува по шести пат, со поддршка од Министерството за култура, а во него учествуваат сите основни и средни училишта во државата.

Секоја година учениците испраќаат литературни творби (проза или поезија) на зададена тема. Оваа година темата беше „Домот, во срцето мое“.

Со оглед на тоа што во изминатите шест години три ученички се истакнаа со своите творби и веќе трипати по ред се наградувани на различни теми, фондацијата одлучила годинава да ги одликува со специјална награда Истакнат млад творец.

Наградените од основните училишта добиваат стипендии за четиригодишно школување во приватното средно училиште САБА, а наградените од средните училишта добиваат ваучери за посетување на курсеви (информатички, бизнис...) во организација на САБА.