Фудбал
19. October 2018 - 9:55

Фондацијата на Меси собра 2,6 милиони евра за деца болни од рак

Хуманитарната фондација на Лионел Меси и Фондацијата „СНФ“ собраа 2,6 милиони евра за изградба на детски онколошки центар во Барселона, соопшти прес-службата на Каталонците.

Со тие 2,6 милиони евра, собрана е целата сума од 30 милиони евра, потребна за изградба на клиниката.

Меси, исто така, учествуваше на церемонијата за почеток на изградбата.

Се очекува институцијата да почне да работи во втората половина на 2020 година.