Фон Дер Лајен: Со новата методологија испратена добра порака до Западен Балкан
Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен оцени дека со усвојувањето на новата методологија на процесот на пристапување во ЕУ е испратена добра порака до Западен Балкан.
– Добра порака за нашите пријатели на Западен Балкан за процесот на проширување на ЕУ. Денес Европската комисија предлага веродостоен и динамичен план што ќе го постави патот за отворање преговори за пристапување со Македонија и Албанија, напиша претседателката на ЕК на својот Твитер профил.
Таа додаде дека проширувањето на ЕУ е „вин-вин“ ситуација.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Брисел ја презентираше новата преговарачка методологија за земјите кандидати пред новинарите и пред европратениците. – Сакаме да ја вратиме кредибилноста на ЕУ перспективата за западниот Балкан, врвен приоритет е да имаме стабилност, мир и просперитет во регионот, рече еврокомесарот Вархеји
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк