Македонија
5. February 2020 - 21:22

Фон Дер Лајен: Со новата методологија испратена добра порака до Западен Балкан

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен оцени дека со усвојувањето на новата методологија на процесот на пристапување во ЕУ е испратена добра порака до Западен Балкан.

– Добра порака за нашите пријатели на Западен Балкан за процесот на проширување на ЕУ. Денес Европската комисија предлага веродостоен и динамичен план што ќе го постави патот за отворање преговори за пристапување со Македонија и Албанија, напиша претседателката на ЕК на својот Твитер профил.

Таа додаде дека проширувањето на ЕУ е „вин-вин“ ситуација.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Брисел ја презентираше новата преговарачка методологија за земјите кандидати пред новинарите и пред европратениците. – Сакаме да ја вратиме кредибилноста на ЕУ перспективата за западниот Балкан, врвен приоритет е да имаме стабилност, мир и просперитет во регионот, рече еврокомесарот Вархеји