Фон дер Лајен: Со ИГБ започнува новата ера на енергетски план за Бугарија и ЕУ
– Со денешниот почеток на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ) започна нова ера за Бугарија и ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето на церемонијата на пуштањето во работа на интерконекторот, што се одржа во Националната палата на културата во Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен нагласи дека гасоводот ќе биде важен фактор против „застрашувачката енергетска војна на Русија против ЕУ“.
– Гасоводот ќе донесе слобода од руската енергетска зависност. Европа може да се ослободи од руската енергетска зависност и заедно ќе направиме силна Енергетска унија. Руската енергетска уцена во Европа мора да престане, истакна претседателката на Еврокомисијата.
Фон дер Лајен потсети дека 80 отсто од гасот што го користеше Бугарија го добиваше од Русија.
– Ова беше пред Путин да реши да започне енергетска војна против Европа.
Овој гасовод ги менува правилата на игра и за Бугарија и за енергетската безбедност на Европа. Овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас. Овој интерконектор може да ја покрие целата потрошувачка на гас на Бугарија, што е одлична вест во овие тешки времиња, посочи таа.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето на церемонијата изјави дека гасниот интерконекторот меѓу Грција и Бугарија ќе има многу сериозна улога во спроведувањето на енергетската безбедност и диверзификација, не само за Бугарија, туку и за Балканот и Централна Европа.
– Азербејџанскиот гас е на пазарот. Азербејџан е сигурен партнер и снабдувач на гас за ЕУ, изјави Алиев, додавајќи дека Баку е подготвен да ги зголеми резервите на гас од 16 милијарди на 27 милијарди кубни метри гас.
Тој нагласи и дека Азербејџан има потенцијал да извезува електрична енергија во ЕУ добиена од ветерни електрани, но само се бара опција како таа да се транспортира.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина