Фон дер Лајен: Преговорите за идното партнерство со Лондон да започнат веднаш
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен напиша на Твитер дека телефонски разговарала со британскиот премиер Борис Џонсон изутринава и се согласиле дека трговските преговори треба да започнат во најбрз можен рок.
– Се согласивме да ги започнеме преговорите за идното партнерство меѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Ќе се сретнеме на почетокот на 2020. Обединетото Кралство секогаш ќе биде пријател, партнер и сојузник, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
По убедливата победа на Борис Џонсон на парламентарните избори во Велика Британија, речиси извесно е дека излезот на Обединетото Кралство ќе се случи на 31 јануари 2020, имајќи го предвид неговото солидно парламентарно мнозинство.
Но повлекувањето од ЕУ не значи и крај на процесот, бидејќи веднаш потоа треба да започнат преговорите за идното партнерство меѓу ЕУ и Лондон, што подразбира пред сѐ трговска спогодба и ги отвора сите најтешки прашања, како ирската граница, меѓу другото.
Теоретски Обединетото Кралство треба до крајот на 2020 да се договори со ЕУ за трговска спогодба, но станува сѐ поизвесно дека ќе биде потребен дополнителен транзициски период.
Џонсон одбива секакво одложување на договорот за Брегзит по 31 јануари 2020 година. Парламентот во Лондон треба да гласа за овој договор в петок оваа недела. Премиерот Џонсон најави дека ќе биде вклучена клаузула со која ќе се прогласи за нелегално секое одложување на рокот доколку нема договор. Со ова би се зголемил ризикот од Брегзит без договор.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО