Loading Video...
Македонија
15. September 2021 - 16:39

Фон дер Лајен на 28 септември доаѓа во регионот, ЕУ со силни пораки за Западен Балкан иако неговата интеграција е заглавена

Европската комисија не се откажува од интеграцијата на регионот.  Ова во Стразбур, пред европските пратеници, го порача шефицата на комисијата Фон дер Лајен најавувајки дека до крајот на септември ќе го посети Западен Балкан.

-Ќе го посетам регионот до крајот на месецов. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака за нашата посветеност на процесот на пристапување. Тоа им го должиме на сите млади кои веруваат во иднината на Европа, најави Урсула фон дер Лајен во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветен на состојбата во ЕУ.

И шефот на словенечката дипломатија Анже Логар , чија земја е актуелен престедавач со ЕУ, се соглаува  со престедателката на ЕК дека инвестирањето  во  иднината на регионот е инвестирање во иднината на Унијата, а  приклучувањето на Западен Балкан треба да биде приоритет.

И покрај  пораките  и ветувањата деенска од Стразбур , а вчера и од   канцеларка Меркел од  Тирана Западниот Балкан е далеку од приклучуавњето.. Македонија и Албанија не можат да ги започнат прегворите со Унијата поради спорот со Софија,  напредокот во преговаралчкиот процес на Србија и Црна ГОра  е речиси замрзнат, а Косово се уште се надева на визна либерализација.