Фон дер Лајен: ЕУ пренасочува 250 милијарди евра за да ги намали емисиите на CO2
Европската комисија ќе предложи мерки за да им помогне на европските индустрии да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид и да конкурираат со стимулации што им се нудат на компаниите во САД, Јапонија и Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Сакаме да го искористиме овој момент. Знаеме дека во наредните години ќе се носат одлуки за формата на економијата, нето нултата економија и каде се наоѓа. Сакаме да бидеме важен дел од нултата индустрија што е потребна на глобално ниво“, рече Фон дер Лајен.
Таа додаде дека ЕУ ќе пренасочи околу 250 милијарди евра од фондот „РеповерЕУ“, со цел да ги стимулира компаниите да ги намалат емисиите на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.
„Целосно се ослободивме од зависноста од руските фосилни горива и многу побрзо отколку што очекувавме, што е добро. Имаме можност да пренасочиме средства и да се преориентираме“.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно