Свет
30. March 2020 - 11:26

Фон дер Лајен: ЕУ интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија

Европската унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека главна ставка во буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус.

Фон дер Лајен за бриселскиот портал „Политико“ нагласи дека повеќегодишната финансиска рамка не е единствено средство за помош, но е средство за стратешко вложување и внатреевропска кохезија, кои ги прифаќаат сите земји членки на Унијата.

– Во ЕУ се разгледува и се дискутира за неколку инструменти, меѓу кои се и обврзници, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека Европскиот совет добил мандат од министрите за финансии.