„Фолксваген“ треба да плати 1,2 милијарди долари отштета за скандалот „дизелгејт“
Суд во Сан Франциско синоќа реши дека германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ треба да им исплати 1,2 милијарди долари отштета на автосалоните во САД, кои претрпеле финансиски загуби поради скандалот со манипулациите со емисиите на штетни гасови од неговите возила.
Во судската одлука не е наведен бројот на автосалони кои ќе добијат отштета од „Фолксваген“, но веќе стигнуваат најави за индивидуални тужби и барања за надомест од германската компанија.
Американските медиуми информираа дека поради скандалот штети претрпеле околу 650 дистрибутери на возила во САД.
Согласно долуката на Судот, „Фолксваген“ ќе треба да одвои и околу 10 милијарди долари за поправка или за откуп на веќе продадените околу 475.000 модели на негови возила со спорните дизел мотири во САД.
Концернот на сопствениците на овие возила ќе треба да им палти меѓу пет и 10 илјади долари во зависоност од годината на производство на возилата, а ќе треба да исплати и уште 2,7 милијарди долари за замена на спорните еколошки уреди и да оддели дополнителни две милијарди долари за развој на автомобили кои ќе емитуваат помало ниво на штетни гасови.
Ново на Сител
-
Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет
-
Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик
-
Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач
-
Туск на балканска турнеја, во Скопје доаѓа на 27 април
-
„Твитер“ забрани реклами на „Касперски“
-
Италијански мафијаши и поранешни функционери осудени на повеќегодишни затворски казни
-
На годишнината од смртта објавена ексклузивна снимка: Принс испиен, исцрпен и ослабен дента пред смртта
-
Тевдовски: Договараме проекти со СБ за поддршка и развој на македонската економија