Свет
15. March 2016 - 16:20

Фолксваген се соочува со тужба вредна 3,3 милијарди евра

Автомобилската компанија Фолксвеген доби нова тужба во висина од 3,3 милијарди евра за скандалот со софтверот кој давал лажен приказ на нивото на загадување на дел од нивните модели.

Според тужбата што била поднесена во градот Брауншвајг од страна на 278 институционални истражители од цел свет, Фолксвеген пропуштил навреме да објави информации за скандалот со софтверот која лажно го прикажувал нивото на загадување за време на тест возењата.

Процесот кој е придружен од низа други приватни или индивидуално тужби се случува откако компанијата одби вонсудски да се спогоди за плаќање оштета.

Меѓу тужителите има инвеститори од Австралија, Австрија, Канада, Данска, Франција, Италија, САД, Норвешка, Шведска и десетици други земји.