Фолксваген признава дека е одговорен и плаќа 4,3 милиајрди долари
Фолксваген постигна договор „тежок“ 4,3 милијарди долари со американски регулатори за решавање на проблемот со прекумерната емисија на издувни гасови од дизел мотори, а планира да се изјасни како – виновен.
Трошоците за решавање на тој проблем надминале предвидени речиси 18,2 милијарди евра односно 19,2 милијарди евра. Од компанијата истакнуваат дека во следните три години ќе бидат под независен надзор.
Спогодбата за признавање на вината ќе треба да биде одобрена од маерикански сојузен судија.
Во 2015 година Фолксваген призна дека во своите автомобили со дизел мотори вградил софтвер што покажувал лажни податоци за емисија на издувни гасови. Во САД продале половина милион спорни автомобили. Подоцна Фолскваген призна дека тоа е случај со 11 милиони возила ширум светот.
Спогодбата нема да ја прекине истрагата и постои можност подигнување казнени пријави за извршните директори на групацијата. Компанијата веќе се согласи да плати околу 17,5 милијарди долари за да се решат цивилни тужби.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност