Македонија
26. July 2018 - 21:47

Флоријан го поплави Ѓорче до колена, во Битола удри силно

Попладнево како што беше и најавено поголем дел од државава е под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која се спушта од североисток и е со потекло од Црноморската депресија.

Најпогоден град е Битола, големото невреме предизвика материјални штети поточно се оштетени неколку возила поради пад на дрвја од силниот ветер.

Флоријан го поплави Ѓорче Петров, каде се споија небо и земја, а наврна толку многу што вода влегуваше во автомобилите. 

 

 

Полиција им асистираше на возилата пренасочувајќи ги по заобиколни улици поради поплавите.

На повеќе места како и во Скопскиот регион се појави пороен локален дожд, грмежи и засилен ветер, од нестабилност беше зафатена и североисточна и делови од источна Македонија.

 

 

Потоа поголема нестабилност од Кавадаречкиот регион се упати кон пелагониско и најинтензивен овој олуен облак беше над Битолскиот регион каде имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења а локално низ државава и тоа особено на планинските места е забележана и локална појава на град.

 

 

Понатаму до крајот на денов продолжува нестабилното време.