Балкан
21. August 2017 - 14:26

Флекица го издаде еден детаљ на кој никој не обрнал внимание: Убиецот на Кристина „падна“ поради невнимание!

Еден од клучните докази кои довеле до апсење на Милош Сребриќ (35) викан Флекица, осомничен дека на 25 мај на бензинската пумпа „НИШ петрол“ ја убил вработената Кристина Каплановиќ (20), е ДНК на парите кои му испаднале при бегството.

Тој од вработен на пумпата со закана со пиштол земал 10.000 динари и пукал во девојката во глава, па побегнал.

-Додека бегал, му испаднала една пара од 1.000 динари, која полицијата ја пронашла при увидот. На неа е пронајдена ДНК, а при анализата е откриена случајност која не му оди во прилог на Сребриќ. Ова, покрај полиграфските испитувања кои не ги поминал и уште неколку ДНК докази на пумпата, е уште еден од броните докази за ссомневање дека всушност тој го направил ова брутално убиство, изјавил за белградските медиуми извор упатен во истрагата.

Освен овој доказ, Сребриќ го препознале и колегите на Кристина по флеката на главата и специфичните светли очи.

Изворот од истрагата објаснува зашто било тешко да се најде убиецот.

- Милош најверојатно работел сам и затоа цели три месеци го барале убиецот. Доколку ги има повеќе, се доаѓа лесно до информации околу злочинот. Приведовме и сослушавме повеќе од десетина лица. Трудот на крајот се испалтеше, затоа што кругот околу убиецот конечно се затвори.