Македонија
16. October 2015 - 9:24

Флејтистот Страшо Темков и пијанистката Марија Вршкова одржаа целовечерен концерт во Кавадарци

Во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2015“, синоќа во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци целовечерен концерт насловен “Боите на звукот”, одржаа флејтистот Страшо Темков и пијанистката Марија Вршкова.

Пред кавадарчани Темков и Вршакова се претставија со дела од домашни и странски музички автори.

-Чест и задоволство ми е што настапуваме во Кавадарци. Музиката е како книга и како што има различни жанрови на книги, така има и различни жанрови во музиката. За нас изведувачите секое дело е посебна книга. Во секоја интерпретација ја внесуваме својата душа, нагласи Темков.

Во биографијата на Темков и Вршкова е запишано дека се вбројуваат меѓу малкуте македонски уметници што настапиле во “Карнеги хол” во Њујорк, една од најпрестижните светски концертни сали.