Фудбал
22. July 2018 - 12:20

ФК Вардар се враќа под капата на град Скопје?!

ФК Вардар се враќа под капата на ФК Скопје откако спонзорот на клубот Сергеј Самсоненко донел одлука да не финансира повеќе во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Оваа информација ја пренесува денеска спортскиот портал Sport1.mk кој тврди дека причина се финансиите поради кои црвено-црните беа приморани да го распродадат ланскиот тим кој го направи најголемиот успех на меѓународната сцена.
Како ќе тече евентуалниот трансфер на ФК Вардар назад кон градот Скопје ќе покажат наредните денови.
Во секој случај Вардар не е оној стариот што се виде убаво и по настапите во Лига Европа каде на стартот беше елиминиран од Пјуник.