Фудбал
10. September 2017 - 16:23

ФК Вардар се сели во Карпош?!

Успесите на ФК Вардар на домашната и меѓународната спортска сцена по доаѓањето на чело на клубот на Сергеј Самсоненко веќе неколку пати ја отвора пораката дека на црвено-црните им е потребен стадион со помал капацитет на кој би се играле натпреварите од домашното првенство. 

Како што пишува порталот спорт1.мк  избрана е нова локација во општина Карпош наместо претходната  во населбата Аеродром. 
Ваквата информација ја прокоментира и спортскиот директор Дарко Панчев.
„„Tочно е дека е во план да се гради стадион на таа локација, ама треба допрва да се утврдат сите технички детали“, потврди Панчев.