Фудбал
26. December 2016 - 16:15

ФК Вардар не смета повеќе на Обрегон

Фудбалскиот клуб Вардар на својата интернет страница објави дека Џон Обрегон повеќе не е член на „црвено-црните“. Македонскиот шампион и Колумбиецот спогодбено ја раскинале соработката.
 
Обрегон, на почетокот на сезоната, беше донесен како засилување во напаѓачкиот ред на актуелниот шампион но не ги оправда очекувањата.
 
Колумбиецот одигра вкупно седум натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола, сите во македонскиот Куп.
 
Обрегон е вториот играч со кого Вардар ја раскина соработката, претходно од клубот замина дефанзивецот Немања Мијушковиќ.