Фудбал
1. July 2022 - 20:03

ФК Силекс се комплетира за новата сезона

Новиот прволигаш кој експресно се врати во елитата, Силекс го комплетираше тимот за  новата сезона.
 
Седум домашни фудбалери и тројца српски интернационалци се досега новите имиња во кратовски редови. Марјан Ристовски од Работнички, Андреј Ричков од Пелистер, Виктор Серафимовски од Ренова, Дамјан Масевски и Горијан Христовски од Тетекс, како и Јанкулов и Ефтимов од Борец се домашните фудбалери кои ова лето го засилуваат Силекс, а меѓу нив се и Србите, фудбалерот од средниот ред Петровиќ, напаѓачот Обадовиќ и централниот дефанзивец Маринковиќ.
 
Од клубот, како што е познато, си заминаа Танушев и Стојчевски во Гостивар, Каланоски и Спиркоски во Шкупи, Мартин Димоски во Детонит јуниор од Радовиш, како и Кристијан Додевски, кој е слободен играч.
 
Првиот пријателски натпревар Силекс ќе го има на 6. јули, на стадионот во Пехчево, против српскиот прволигаш Трајал од Крушевац, Србија.
ЕКИПА.МК