Фудбал
17. July 2017 - 15:38

ФК Леванте утре го промовира Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги мина лекарските прегледи во Леванте и се очекува да го стави својот потпис на тригодишниот договор со тимот од Валенсија, а клубот официјалната промоција ја закажа за утре, во 17 часот.
 
Енис Барди во Леванте доаѓа од унгарскиот шампион, од екипата на Ујпешт, а според шпекулациите унгарскиот тим ќе заработи 1,5 милиони евра од овој трансфер и 10 отсто од наредниот трансфер на македонскиот репрезентативец.