Македонија
28. March 2018 - 14:34

Физички нападнати обезбедувачи на продавница во Скопје

Двајца скопјани Љ.Г.(34) и П.М.(29) синоќа биле физички нападнати од три лица на крстоницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Љубљанска“ во Скопје.

МВР информира дека нападнатите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза" каде им се констатирани телесни повреди.

Причина за нападот била претходна расправија во продавница за алишта, каде оштетените работат како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.