Македонија
22. August 2020 - 14:46

Физички нападната и силувана охриѓанка

 

Триесет и деветгодишна жена од Охрид синоќа била нападната и силувана од страна на свој сограѓанин. Како што пријавила таа, вчера околу 21:30, А.И. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.

Жената после половина час го пријавила случајот во полициска станица во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.