Македонија
18. July 2020 - 13:59

Физичка пресметка во скопско кафуле

На 18.07.2020 во 05.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(38) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на ул.„23 Октомври“, додека седел со двајца другари, физички бил нападнат од неколку лица.

Според пријавеното, лицата продолжиле со нападот надвор од објектот, при што едно од лицата се обидело да го нападне со остар предмет, но во тој момент дошла полиција и ги привела напаѓачите.

Во полициска станица на лицата З.К.(28), Д.Ј.(37) и А.Т.(38), сите од Скопје, сочинети им се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.