Македонија
22. November 2020 - 16:09

Физичка пресметка во Ѓорче - Приведени 8 малолетници

На 21.11.2020 во Полициска станица Ѓорче Петров од полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години, постапувајќи по пријава според која во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.