Македонија
6. July 2022 - 17:37

Физичка пресметка меѓу повеќе лица по претходна сообраќајна несреќа

Во с. Кондово, скопско се случила физичка пресметка меѓу неколку лица пред четири дена.

Како што информира МВР, Б.Ј.(31) и М.Ј.(27), двајцата од с.Долно Свиларе, од една страна и Б.Ф.(32) од с.Кондово, од друга страна, се степале по претходна сообраќајна незгода.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.