Физичка пресметка меѓу четворица дебрани
Четворица дебрани синоќа физички се пресметувале при што двајца се здобиле со фрактури и биле пренесени во здравствените установи во Дебар, а потоа во Охрид.
По добиената прва медицинска помош во Општата болница во Дебар поради фрактури, двајца од нив биле транспортирани во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” во Охрид.
-На улицата „1 мај“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.А. и едно засега непознато лице од една и Ф.В.(53) и А.В. (26) од друга страна, сите од Дебар. По дадената прва медицинска помош во болницата во Дебар, за понатамошно лекување двајца од нив се префрлени на понатамошен третман во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.
Според него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот