Македонија
26. August 2017 - 13:31

Физичка пресметка и закана со пиштол во Бутел

Непознати лица вчера вечер со закана со пиштол се обиделе да ги нападнат М.Ж. (22)  и неговиот другар Н.А. (25) на улицата „Бутелска“ во Скопје, пред кафе-бар.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23 часот додека М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и Н.А. (25). Од левата страна тие биле заобиколени од возило од кое излегле три непознати лица, а паралелно до возилото на М.Ж и зад него, застанале уште две возила од кои излегле уште неколку лица. Три лицата кои излегле од возилото што им го попречило патот, се доближиле до М.Ж. и Н.А. и почнале да им се обраќаат со погрдни зборови. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол и успеало да го извлече Н.А. од блокираното возило надвор по што и физички го нападнал.

Во  меѓувреме дошло уште едно  возило кое застанало и од него излегло друго повозрасно лице кое се упатило кон напаѓачот со пиштол во рацете и го натерал заедно со другите лица да го напуштат местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.