Македонија
8. July 2019 - 10:19

ФИТР со Национална стратегија за намалување на иселувањето на младите

Фондот за иновации ќе прави Национална стратегија за намалување на иселувањето на младите.

Со проектот е предвидено преку фокус групи да се добијат информации од сите страни коа се вклучени во образовниот процес.

Образовни институции, родители, ученици и државни институции ќе кажат што е тоа што треба да се промени во образовниот систем на државата.

Освен задржување на младите, Националната стратегија ќе има за цел и да ги врати оние кои студираат или работат во странство.

Даниел Василев