ФИТР ќе ја презентира анализата на апликантите од јавниот повик за грантови за технолошки развој
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе ја презентира анализата на апликантите од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“.
На прес-конференцијата по овој повод, која ќе може да се проследи во живо и на официјалниот фејсбук-профил на ФИТР, ќе се обратат директорот на Фондот, Коста Петров и Тања Илијевска од Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор.
На 6 април, кога беше крајниот рок за пријавување, ФИТР соопшти дека вкупно 706 домашни компании аплицирале на јавниот повик што е рекорден број на доставени апликации во рамки на сите досега спроведени јавни повици од негова страна.
Вкупниот буџет на јавниот повик е шест милиони евра или 2.500.000 денари за микро претпријатија, до 5.000.000 денари за мали и до 10.000.000 денари за средни претпријатија. Преку овој повик, ФИТР обезбедува 70 отсто од буџетот на проектот за микро или мало претпријатие или 60 проценти за средни претпријатија.
За време на повикот, кој траеше 60 дена, за потенцијалните корисници беа одржани 20 инфо сесии, а апликацискиот пакет го презеле дури 1588 компании.
Според ФИТР, главната цел е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари преку воведување нови, иновативни, напредни, „зелени“ и дигитални технологии за нивна трансформација.
На повикот, освен микро, мали и средни претпријатија, можност да аплицираат имаа и приватните здраствени установи (ПЗУ).
Ново на Сител
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин