Бизнис
19. April 2017 - 20:31

Фирмите најмногу ги чувствуваат последиците од политичката криза

Последиците од политичката криза се веќе видливи.  Главен двигател на економијата остана да биде само  потрошувачката од домаќинствата.  80 отсто од кредите се пласираат кај населението. Ликвидноста на фирмите е опадната.  Тие  подолг период не земаат заем од банките. Експертите предупредуваат ако ваквата состојба  продолжи последиците врз домашната економија ќе бидат многу посеризони. 

Доколку не се создаде стабилна бизнис клима ударот од политичката криза ќе се одрази и врз странските инвеститори кои важат за главни генератори на извозот.

Компаните ќе се доведат во ситуација да ги трошат своите резерви, ќе бидат принудени да ги кратаат платите на вработените, а потоа ќе следат и отпуштања. Стопанствениците веќе неклку пати апелираа да се најде излез од кризата,  зошто компаниите нема да можат уште долго да се носат со оваа ситуација.