Бизнис
2. March 2021 - 16:33

Фирмите и работниците оставени во рацете на пратениците за користење на мерките за помош

Фирмите и работниците оставени на милост и немилост на пратениците. Чекаат на помошта од државата која е заглавена во Собранието. Не само парите за исплата на плати од последниот пакет мерки, туку и помошта од повеќе мерки од претходните пакети никако да дојде на ред ни на Комисија ни на пленарна седница. Од бизнис секторот апелираат пратениците да не го кочат донесувањето на законските решенија. Секое одолжување значи сериозен удар за стопанството и економијата.

-За денеска е најавена седница на Собранието по подолго време на која треба да поминат некои закони. Сакам да упатам апел до сите парламентарни партии, да имаат предвид во каква ситуација се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштат. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите. Опозицијата и другите партии да го имаат тоа предвид зашто секоја пара и секој ден ни се значјни во оваа ситуација во која се наоѓаме, истакна Азески.

Вицепремиерот Битиќи пак вели дека извршната власт може до одреден сегмент да притиска, но последниот збор го има Собранието кое е независно. Тој не ја исклучува можноста фирмите да мора сами да се снаоѓаат за исплата на февруарската плата. Државата ќе им ги врати парите откако законите ќе поминат во Собрание. 

Наместо до 10-ти во месецот како досега, фирмите за помошта за исплата на февруарската плата ќе може да аплицираат до крајот на март.