Македонија
26. јуни 2016 - 16:48

Фирмата „Тритол“ од општина Струмица добила 1.150.000 евра - но, црпела пари и од општина Куманово

Фирмата “Тритерол” е голема пералница на пари во која се вртат милионите на функционерите на СДСМ, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев. Документите кои беа претставени на денешната прес –конференција, според Пишев, покажуваат дека фирмите од функционерот на СДСМ Лефтер Андонов преку општината добиле тендери во висина од еден милион и 150 илјади евра.

Според Пишев, многу поголем скандал се тендерите кои ги добила оваа фирма во Општина Куманово, каде што градоначалник е Зоран Дамјановски, исто така од редовите на СДСМ.

Тој побара и од СЈО, кое според него води политичка хајка против градоначалникот на Битола, да го преземе и овој класичен случај каде има основан сомнеж за перење пари и голем криминал.