Бизнис
21. December 2018 - 21:49

Фирмата на снаата на Ласкова има најмали шанси да ги добие парите од фондот за иновации

Компанијата Декодикс на снаата на Цветакнка  Ласкова  има најмала шанса да ги  добие парите од фондот за иновации.

Транспаренси интернешнл Македонија ја достави проценката на ризик  за четирите спорни фирми од првиот повик на фоднот за иновации.

На граница е и фирмата Контура на Елена Донева поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев. Додека фирмата Т- сент која е поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура Асаф Адеми и компанијата во сопственост на поранешниот министер  без ресор Веле Самак се со понизок ризик од судир на интереси и имаат поголеми шанси да ги добијат парите од фондот.

- Комапнијата ‘Декодикс’ на снаата на Ласкова доби оценка дека има среден ризик од нејзиното влијание, но речиси на граница со висок. Тоа би требало да значи дека не ги исполнува условите да го добие грантот, но конечната одлука ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации врз основа на процената на ризикот. И другите три компании се во рангот на среден ризик во согласност со протоколот. ‘Контура’ на Елена Донева, поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, има нијанса помал ризик од ‘Декодикс’, но и двете се оценети со висок среден ризик. Со среден ризик, но понизок од овие две, се ‘Т – сенс’ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, и ‘Микросам’, сопственост на поранешниот министер без ресор, Веле Самак. Нивото на ризик кај ‘Микросам’ се доближува до низок“, велат извори од Фондот за иновации.

Транспаренси интернешнл  работела на процена на ризикот кај компаниите последниве десетина дена. Целосната процена за четирите фирми  ќе биде доставена до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции, кој треба да ја донесе конечната одлука. Следната седница на Комитетот е закажана за крајот на јануари, велат од фондот

Фондот се подготвува и за мониторинг кај 73 фирми добитници на грантови за иновации со кои договорите се веќе потпишани.