-->
-->
Фирма за мебел им забранува на работниците да вршат нужда, но и повеќе од тоа
-->
Сопоственик на фирма на вработените им забранил да вршат нужда надвор од паузата, а им се заканил и со видеонадзор
Сопственикот на фирма за производство на мебел од Лесковац им забранил на врааботените да одат во тоалет.
„Поради непочитување на договорот за користење на ве-це донесена е следната одлука: Се забранува користење на ве-цето надвор од паузи, освен во случаи на крајна нужда. Работник кој има ппотреба почесто да оди во тоалет, мора да достави лекраско уверение за здравствената состојба. Ќе се врши константен надзорпреку камери и ако се утврди дека некој ги злоупотребува своите права за користење на тоалетот, ќе биде најстрого санкциониран“, пишува во уредбата.
Поранешен работник на оваа фирма за Курир.рс вели дека уредната била донесена околу Нова година и се уште е на сила. Газдата строго контролирал кој колку пати оди во тоалет, а работниците морале да се запишуваат во тетратка кога одат да вршат нужда и колку се задржале.
Целта на уредбата е работниците да не губат време и повеќе да работат.
Работникот раскажал и дека било пракса работниците да одат со службен велосипед до тоалетот кој се наоѓа на средина од фабричкиот круг.
-Едно време дури и го заклучуваа тоалетот, а клучевите беа кај шефовите, па вработените мораа од нив да ги бараат. Сега се запишуваат во тетратка, така се врши евиденција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората