Loading Video...
Ракомет
11. October 2019 - 14:25

Финскиот тим Кокс шанса за Еурофарм Р. за прва победа во ЛШ

Вториот македонски претставник во ЛШ, Еурофарм Работник својот меч од ова коло ќе го игра во недела пред своите симпатизери во Битола. Еурофарм Работник во рамките од Ц групата во недела во Битола ја пречекува ја пречекува финската екипа Кокс.
 
„Фармацевтите“ кој изминатите три натпревари ги загубија со минимални 1 гол разлика, конечно очекуваат да се израдуваат на првата победа
 
„Жалиме за пропуштените шанси на претходните три натпревари, но сметам дека на овој дуел имаме шанси за победа. Ќе дадеме максимум и нема да ја испуштиме шансата да славиме победа“, истакна капитенот Гоце Ојлески. 
 
Најголем проблем за тренерот Стевче Алушовски е заморот и повредите на Невен Стјепановиќ и Ловро Јотиќ.
 
„Уморни сме и повредени, но спремни за тежок дуел со Кокс. Повредени се Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ и без нив ќе биде исклучително тешко да се игра. Но, тоа не значи дека нема да се обидеме да дојдеме до првата историска победа во Лигата на шампионите. Ако не сме максимално сериозни ќе имаме големи проблеми. Не сакам да звучам песимистички, но претпазлив сум и заради заморот, повредите и патувањата“, потенцира тренерот  Алушовски.
 
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Кокс кој ќе се игра  во недела ќе започне од 17 часот