Македонија
2. October 2019 - 17:29

Финска се надева на датум за старт на преговори за Македонија, одлуката ќе мора да биде едногласна

Финска како претседавач со ЕУ  очекува Македонија да добие одлука за почеток на пристапни преговори. Ваква порака испрати финскиот министер за надворешни Пека Хависто кој е во посета на земјава, на само две недели пред одлуката на Советот на ЕУ.

Министерот Димитров му се заблагодари на својот фински колега за поддршката која неговата земја и ја дава на Македонија.

Оптимизам по ова прашање изрази и премиерот Зоран Заев, кој имаше средба со финскиот министер.  

- Ги направивме важните реформи низ консензус со опозицијата, ги решивме билатералните прашања со соседите преку редок пример на договор и политики на дијалог и решенија, цврсто сме определени кон почитувањето на европските вредности.  Испорачавме резултати и сметаме дека како земја заслужуваме ЕУ да возврати со позитивна одлука којашто ќе биде мотивација да продолжат позитивните промени дома, а тоа ќе биде и добра порака заевроинтеграциските перспективи на регионот, рече Заев, по средбата со Хависто.