Финска полиција: Нападот во Турку е „акт на тероризам“
Финската полиција денеска соопшти дека нападот со нож, на улиците на градот Турку, на југот од Финска, го смета за „акт на тероризам“.
Во вчерашниот напад, беа избодени и убиени две лица, а осум други беа полесно и потешко ранети.
При интервенцијата на специјалната полиција, напаѓачот беше ранет во ногата, а станува збор за 18-годишен Мароканец, кој се наоѓа во притвор.
Во денешното соопштение на полицијата се вели дека двајцата убиени се Финци, а дека меѓу ранетите, покрај жители на Турку, има и двајца шведски државјани и еден Италијанец.
Во текот на изминатата ноќ, била спроведена широка рација во потрага по можните соработници на уапсениот терорист. Полицијата извршила детален претрес на еден стан во Турку, и дека биле уапсени „повеке лица“, но засега не се откриваат други детали од операцијата.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор