Македонија
1. August 2017 - 15:00

Финансиска помош од 180.000 денари за семејството на починатите од хеморагична треска

Семејството Мифтари од гостиварска Симница, кое минатата недела доживеа трагедија, откако двајца нивни членови починаа од последиците предизвикани од хеморагична треска, доби финасиска помош од општина Гостивар.

На последната 39. седница на Советот на општина Гостивар, беше изгласана предлог одлуката за доделување на 180 илјади денари, како помош на ова семејството од Симница.

Таткото и синот починаа минатата недела на Инфективната клиника во Скопје, а анализите потврдија дека биле инфицирани од хантан вирус – вид кој предизвикува хеморагична треска. Сé уште не е познато на кој начин двајцата симничани се заразиле.

Министерството за здравство информираше дека во нивниот дом,  бачилото каде што одгледувале овци и во околината на селото е извршена дезинфекција и дератизација